Двајца чаирчани под истрага поради неовластено поседување на автоматско оружје

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица, на возраст од 32 и 26 години, со место на живеење во иста улица во скопски Чаир. Тие се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

И двајцата во нивните домови држеле оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети и за кои воопшто не може да се добие дозвола за поседување.

„При претрес во домот на првиот осомничен полицијата пронашла автоматска пушка VZ58, автоматски пиштол М84 Skorpion, пригушувач и вкупно 79 куршуми со различен калибар. Кај вториот осомничен, пак, била пронајдена автоматска пушка Zastava, една рамка и 28 куршуми, Исто така, кај него биле откриени и 1.460,94 грама наркотична дрога – марихуана, поради што против овој осомничен истрагата е поведена и за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик“, информираат од Основното јавно обвинителство.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлози за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…