Два автомобили опожарени синоќа во Скопје

t

Две возила марка „ауди“ биле запалени изминатата ноќ во Скопје. И двете биле опожарени на паркинг простори. 

– На 27.01.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ч.(20) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираа од МВР за едниот случај. 

По час и половина пристигната пријава за уште едно опожарување. 

– На 27.01.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Лазар Димитров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки,  сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата за другиот случај. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два автомобили опожарени синоќа во Скопје

Две возила марка „ауди“ биле запалени изминатата…

Уапсени две лица во Скопје, кај нив…

Две лица биле лишени од слобода изминатото…

Левица: Скопјани ќе немаат нови автобуси ниту…

Градската организација на Левица во Скопје забележува…

(Видео) Пожар во автомеханичарска работилница кај Тутунски…

Попладнево избувна пожар во автомеханичарска работилница близу…

Дел од автобусите на ЈСП од приградските…

Станува збор за автобусите со број 11,…