Два земјотреси утринава: Се тресеа Црна Гора и Турција
Утринава два одделни земјотреси ја стресоа околинава. Првиот и посилен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е лоциран во источна Турција.
Земјотресот е регистриран на 29 километри североисточно од Синџик во провинцијата Адијаман и тоа на длабочина од девет километри.
Вториот земјотрес пак е регистриран во 9 часот и 16 минути на длабочина од девет километри во Црна Гора.
Се работи за земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала , а епицентарот бил на 20 километри северозападно од Никшиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…
Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…