Два медали за Македонија: Вејсели и Хајдари ќе се борат за злато
Македонија има два сигурни медали на Медитеранските игри во Таранто, а постои можност за уште еден. Борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари се пласираа во финалето и утре ќе се борат за златото, додека Ахмад Магомедов ќе настапи во борбата за бронза. Дејан Георгиевски во таеквондо ја мина првата пречка, но беше елиминиран во четвртфиналето.
Првите медали за Македонија на Игрите ги обезбедија борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари. Вејсели во категоријата до 74 килограми во осминафиналето го победи Каиридине Бен Тлили од Тунис со 6-3, а потоа во четвртфиналето беше подобар и од Египќанецот Омар Мурад со 4-1. Во полуфиналето го совлада и Турчинот Јасин Јесил со 5-3, па утре ќе се бори за златниот медал против Ислам Дудаев од Албанија.
Хајдари, пак, во категоријата до 97 килограми ја почна групната фаза со пораз од Даурен Куруглиев од Грција со 0-10, но потоа убедливо го совлада Валид Чеик Лахлу со 11-0 и обезбеди полуфинале. За пласман во големото финале го победи Французинот Адлан Висханов со 3-2. Утре во борбата за златниот медал повторно ќе се соочи со Куруглиев.
Македонија има можност и за трет медал во борењето. Ахмад Магомедов во категоријата до 86 килограми утре ќе се бори за бронза против Италијанецот Габриеле Николини.
Таеквондистот Дејан Георгиевски во категоријата над 80 килограми во осминафиналето го победи Моатаз Ифауи од Тунис со 2-1, но потоа во четвртфиналето загуби со 1-2 од Турчинот Хусеин Берат Демирџиоглу.
Мечувалците Петар Дамјаноски и Огнен Бундалески ја минаа групната фаза со по две победи, но потоа беа елиминирани. Дамјаноски загуби од Гркот Артемиос Цованис со 13-15, а Бундалески од Италијанецот Енрико Пјати со 4-15.
Пораз запиша и боксерот Ружди Рустемоски од натпреварувачот од Србија, Дмитриј Артјомович Горбенко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…
Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…
БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…
Велика Британија нема да може да изгради…