Објавено на:

Две жени до смрт претепале 63-годишен маж бидејќи не сакал да води љубов со нив на гробишта

t

Руската полиција уапси две жени осомничени дека до смрт претепале маж кој одбил да има односи со нив на гробишта, пишува Мирор.

Станува збор за 29-годишна жена и 37-годишна жена кои заедно со несреќниот 63-годишен маж пиеле алкохол во дворот на црквата на локалните гробишта во градот Ставропол во југозападна Русија. Откако мажот наводно ги одбил, двете жени во бес почнале да го тепаат.

Во извештајот на локалната полиција се наведува дека го претепале до смрт, а потоа го одвлекле неговото тело во шумата и го закопале во дупка таму. Откако телото било пронајдено во шумата, жените биле уапсени, а се појавиле и видео снимки од полицијата како ги носи осомничените на местото во шумата каде го пронашла телото на мажот.

Полицијата извести дека напаѓачите со тупаници и клоци ја удирале својата жртва во главата и торзото, при што таа починала. На осомничените им е изречена мерка притвор во траење од два месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…

Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…

„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…

Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…

Трамп вечерва го собира својот тим за…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…

Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…

Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…

Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…