Две измами врз стари лица за лажни сообраќајки на подрачјето на Штип во последните 24 часа

t

На 30.01.2026 година, во СВР Штип биле пријавени два случаи на измама извршени врз повозрасни лица од Штип.

Првиот случај бил пријавен во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Според пријавеното, телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребна итна операција за која требало да се плати. По претходен договор, оштетениот од балконот ги фрлил парите, кои биле преземени од лице што чекало под објектот и потоа го напуштило местото на настанот. Подоцна, откако стапил во контакт со неговата ќерка, сфатил дека станува збор за измама.

Вториот случај бил пријавен во 16:30 часот од 77-годишна жена, која изјавила дека била измамена по истиот начин. Таа навела дека лице кое се претставило како лекар телефонски и соопштило дека нејзината ќерка е тешко повредена и дека е неопходна итна операција. По договор со сторителите, таа од балконот предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице, кое по преземањето го напуштило местото на настанот. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена.

Во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и откривање на сторителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж е тешко повреден додека чекал лифт…

МВР информира дека вчера во 18:10 часот,…

Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…

Маж од Кичево е пријавен за силување…

Пукање од возило во Сарај: Едно лице…

На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…

Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…

8-годишно дете било удрено од автомобил на…

Двајца српски државјани возеле со 169 и…

Двајца српски државјани биле лишени од слобода…