Две кумановки ги нападнале сопрузите
Две жени од Куманово ги нападнале сопрузите, едната го нападнала и синот, во два одвоени случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Вчера во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода триесет и петгодишната А.С. од Куманово затоа што физички го нападнала нејзиниот син и со остар предмет се заканувала на нејзиниот сопруг. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Подоцна во 18.00 часот во СВР Куманово, 38 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Л.Е. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…