Објавено на:

Две лица загинаа, дваесетина се повредени во руски ракетен напад на Криви Рих

t

Две лица загинаа, 20 се повредени, а пет до седум лица се под урнатините на зграда во Криви Рих, која утрово беше погодена од руски ракети, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Според Клименко, руските сили истрелале две ракети кон Криви Рих, кои погодиле образовна институција и станбена зграда, пренесува Интерфакс Украина.

„Една ракета погоди четирикатна зграда на образовна институција. Најверојатно има луѓе под урнатините. Спасувачите и полицијата работат“, напиша Клименко на својот Телеграм канал.

Тој изјави дека втората ракета уништила дел од четврти до деветти кат од станбената зграда и дека потоа избувнал пожар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели изјава во која го осудува нападот.

„Овој терор нема да не заплаши или скрши. Ние работиме и го спасуваме нашиот народ“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…