Две лица на ист човек: Бучковски ја продава македонската историја на Бугарија ама “не спие” од загриженост за идентитетот на Украина

t

Украина и украинскиот народ, јазик и црква се негирани од Русија како бољшевичка творба на Ленин, колку тоа ни звучи познато нам Македонците, вели за Фокус поранешниот премиер и министер.

Агресијата на Русија врз Украина заслужува најостра осуда, смета универзитетскиот професор и поранешен македонски премиер и министер за одбрана Владо Бучковски.

Во изјава за Фокус, тој вели дека Македонија мора да ги следи сојузниците од НАТО и да биде заедно со прогресивните сили во светот против рускиот претсетал Владимир Путин и неговите, како што истакнува, злосторства против човештвото.

Според него, земјава има најмалку две причини повеќе од другите пријатели и сојузници на Украина да ја подржува нејзината борба за одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

-Ние не смее да ја заборавиме Украина, претседателот Леонид Кучма и раководството на „Укрспец Експорт“, кои беа најголемата поддршка со воена опрема и вооружување за време на воениот конфликт во 2001-та година, кога беше загрозен нашиот територјален интегритет и суверенитет.

 

И втората голема причина, Украина и украинскиот народ, украинскиот јазик, украинската црква се негирани од Русија како бољшевичка творба на Ленин.

 

Колку тоа ни звучи познато нам Македонците. Сме биле коминтерновска творба, се негира нашиот јазик, автокефалноста на нашата црква… – вели поранешниот премиер и министер Бучковски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…