Две лица повредени со остар предмет, во домот на насилникот најдени пиштоли и куршуми
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 05.07.2026 во Тетово, по претходна физичка пресметка, пријавениот со остар предмет им нанел повреди на А.С.(41) и А.С.(42), двајцата од с.Пршовце.
Наредниот ден, на 06.07.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во деловни простории во Тетово, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,62 мм со рамка со девет куршуми и пиштол калибар 22 мм со шест куршуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…