Објавено на:

Две лица уапсени за подметнување на пожари во Грција

t

Двајца мажи се уапсени денеска во Грција под обвинение за намерно подметнување шумски пожар.

Стотици пожарникари со денови се борат со шумските пожари во Грција, кои горат неконтролирано и во кои досега загинаа 21 лице.

Едниот маж е уапсен на Евија, затоа што намерно запалил исушена трева во близина на градот Каристос, а делото самиот го признал, информираат од противпожарната служба. Притоа тој признал и дека во текот на јули и август подметнал уште четири пожари на истото подрачје.

Второто лице е уапсено во Лариса, во централна Грција, исто така, поради намерно палење на исушена вегетација.

Официјални лица соопштија дека тоа предизвикало неколку пожари во Грција во текот на изминатата недела, но причината за неколку други шумски пожари кои беснеат низ целата земја останува непозната.

Најголемиот пожар во моментов е на североисток од земјата, во близина на градот Александрополис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…