Две лица уапсени за убиството во Капиштец, се трага по уште едно

t

Убиство во казино во скопски Капиштец. Жртвата, 46-годишен маж од Арачиново претходно со осомничениот играл на апаратите и по меѓусебна расправија, едниот извадил пиштол и пукал во лицето, кое починало на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот уверуваат од полицијата и од обвинителството…

Од забава во казино до убиство. Играта на слот машините во казиното кое се наоѓа во непосредна близина на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во Капиштец заврши фатално за 46-годишниот арачиновец. Убиството се случило во 8 часот утринава, внатре во казиното-потврдуваат од МВР.

По кратка расправија двајцата играчи на слот машините се затуркале, по што едниот од нив извадил пиштол и пукал, а повреденото лице подлегнало на повредите.

Убиецот се дал во бегство, но неговиот идентитет е познат на истражните органи. Полицијата успеала да уапси двајца роднини кои се поврзани со убиството и се осомничени како сторители, а се трага по уште едно лице.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Скопје изврши увид на самото место во казиното, по што се преземени мерки за расветлување на случајот

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од самото место и ќе се разговара со сведоци на настанот, велат од Обвинителството.

Од јавното обвинителство информираат дека обезбедени се снимки од видеонадзорот на објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…