Две малолетни момчиња нападнати со нож во Скопје
Црната статистика на меѓуврсничко насилство во главниот град секојдневно се зголемува, откако два одделни инциденти со употреба на ладно оружје ја вознемирија јавноста.
Во текот на изминатиот период, две малолетни момчиња на возраст од 12 и 15 години се здобиле со повреди од нож по напади извршени од нивни врсници.
Помладото, 12-годишно момче, било нападнато во населбата Шуто Оризари, а поради сериозноста на повредите веднаш било пренесено и задржано во болница. Речиси во исто време, сличен немил настан е регистриран и во населбата Драчево, каде жртва на врсничко насилство бил 15-годишен тинејџер.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и за двата случаи се преземаат интензивни мерки. Полицијата работи на терен за целосно идентификување на сите инволвирани учесници во нападите и утврдување на нивната законска одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетници пронашле неексплодирана рачна бомба, во полицијата…
Неексплодирана експлозивна направа била пронајдена во планински…
Малолетник фрлил пиротехничко средство во Капиштец, избувнал…
Пожар избувнал синоќа во парк во скопската…
Кривична пријава против четири лица за сторени…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43)…
Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец
МВР информира дека вчера попладне во 12:30…
Во гостиварската болница била донесена почината 45-годишна…
45-годишна жена од гостиварското село Врапчиште синоќа…