Пак проблеми во Арачиново – момчиња удриле во полициска кола: Не застанале на полициски знак, па во бркотницата фрлиле јакна низ прозор со два пиштоли!
На 04.04.2024 во 23.55 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(31) и Џ.Б.(29), двајцата од с.Арачиново, скопско.
Претходно, тие не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, удриле во службеното полициско возило и се обиделе да побегнат.
При лишувањето тие фрлиле една јакна во која биле пронајдени два пиштоли и 20 куршуми различен калибар.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
34 годишник од струмичко село – се…
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…
Преспа ќе добие мрежа од 188 километри…
Преспанскиот Регион ќе добие нова туристичка инфраструктура…
НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…