Две сообраќајни несреќи во Скопје: Тешко повредени велосипедист и моторџија во засебни судири со автомобили

t

Вчера, во рок од неколку часа, во Скопје се случиле две сообраќајни несреќи во кои тешко се повредени велосипедист и возач на мотор, кои се судриле со автомобили, соопшти МВР.

„На 19.08.2026 околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘џип’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, велат од полицијата за првиот случај.

Во втората несреќа, која се случила во центарот на градот, тешко е повреден 39-годишен моторџија.

„На 19.08.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Ленинова“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(39) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Двоглав орел поставен на врвот на Кораб

На социјалните мрежи се појави фотографија од…

Пензиите ќе се зголемат законски за 3…

На една недела пред да заврши месецов…