Две третини од граѓаните бараат промена на власта на изборите на 8 мај
Според презентираните резултати на истражувањето на јавното мислење кај граѓаните, спроведено од ИПИС за емисијата Објектив на МРТ, се зголемува опозициското расположение во месец март.
Имено во месец март на прашањето „во каква насока се движи Македонија?“, 57,1% од граѓаните изјавиле дека државата се движи во целосно погрешна насока, што е зголемување во споредба со 55,4% од испитаниците дадено во февруари, а 15,4% од граѓаните во март месец изјавиле дека донекаде е погрешна насоката. Овие две опции, кои не се задоволни од насоката во која се движи државата, сочинуваат над 70% од анкетираните. 13,2% од граѓаните изјавиле дека донекаде е правилна, а само 8,6% дека Македонија се движи во целосно правилна насока. 5,7% од анкетираните не знаеле или немале одговор.
Во анкетата од март месец се бележи и зголемување на бројот на испитаници кои сметаат дека по наредните избори треба да има промена на актуелната власт, во споредба со одговорите од февруари. Високи 64,4% се изјасниле дека треба да има промена на власта, што е за 2% повеќе од минатиот месец, 17,9% сметаат дека власта не треба да се менува, а 17,7% не знаеле или немале одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…