Две штипјанки се затруле од плин, итно се пренесени на скопските клиники

t

Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.

Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од штипската болница.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…