Двократниот европски првак јавно му се заблагодари на Град Скопје за поддршката
Македонскиот ракометен бренд Вардар1961 упатува огромна благодарност до Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи ги препознаа и ги поддржаа напорите на клубот да остане голем амбасадор на Скопје.
Благодарни сме што за првпат во историјата на клубот, градот застана зад нас и потврди дека спортот е еден од вистинските репрезенти на Скопје, а Вардар1961 препознатлив спортски белег.
Секоја помош и поддршка е добредојдена, и значи исполнување на целите кои секогаш се поврзани со остварување на највиските резултати, привлекување на нови млади ракометари, и создавање на здрави навики на младите преку промовирање на спортот на начин на живот.
Заедно се радувавме на многу успеси, и ветуваме дека и во иднина ќе бидеме спортската гордост на Скопје , се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…