Двомесечно бебе починало во болница во Кавадарци

t

Двомесечно бебе починало синоќа на детското одделение во Општата болница во Кавадарци, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци околу 21:35 часот. Бебето било хоспитализирано на 12 јануари годинава, но по два дена починало.

„И покрај укажаната медицинска помош и извршената реанимација од страна на лекарскиот тим, бебето починало. Смртта е констатирана од лекар“, додаваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатото бебе е дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двомесечно бебе починало во болница во Кавадарци

Двомесечно бебе починало синоќа на детското одделение…

Скијачи формираа срце во спомен на жртвите…

Стотици скијачи се собраа на снежна падина…

Жена почина во Босна и Херцеговина откако…

Огромно борово дрво, високо повеќе од 10…

Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во…

Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица…

Марш во чест на жртвите од пожарот…

Стотици ожалостени маршираа во Кран-Монтана во неделата…