Објавено на:

Жена почина во Босна и Херцеговина откако огромно дрво ѝ падна врз глава

t

Огромно борово дрво, високо повеќе од 10 метри, се урна утринава во сараевската населба Грбавица и усмрти жена во четириесеттите години од животот, објави „Слободна Босна“.

Несреќната жена се здобила со тешки повреди на главата и итно била пренесена на Клиниката за ургентна медицина (КУМ). Од Итната помош на Кантонот Сараево потврдија дека жената била жива при пристигнувањето на нивната екипа, која бргу дошла на местото на несреќата. За време на транспортот до КУМ и по приемот во болницата била продолжена реанимацијата, но, за жал, жената починала.

Според информациите од Итната помош, во изминатиот ден на подрачјето на Сараево биле евидентирани 24 домашни посети, додека бројот на пациенти во амбулантите бил значително поголем. Сепак, беше истакнато дека вкупниот број интервенции бил помал отколку во ноќта меѓу 1 и 2 јануари.

Трагедијата се случила како последица на обилните снежни врнежи кои вчера зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина и предизвикаа бројни проблеми. Најмногу потешкотии беа забележани во сообраќајот, каде што дојде до голем број сообраќајни несреќи, како и до прекини во јавниот превоз.

Граѓаните на Сараево се пожалија и на неисчистени и непроодни патишта и тротоари, тврдејќи дека комуналните служби не реагирале соодветно во текот на ноќта, иако снегот престанал да паѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…

Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…

Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…

Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…

Невреме со силен дожд, грмежи и локално…

Трагедија во САД: Семејството Дончеви од Масачусетс…

Тргнале на семејна прослава и отидоа во…