Двојно убиство, внук осомничен дека си ги убил бабата и дедото во Србија

t

Ужасно злосторство се случило во семејна куќа во близина на Деспотовац, Србија. Безживотните тела на брачниот пар М.Р. (79) и Ж.Р. (76) беа пронајдени, а според локалните медиуми, нивниот внук М.М. е осомничен за двојното убиство. Мештаните тврдат дека по злосторството тој зел автомобил и избегал, пишува nova.rs.

Соседите се во шок и велат дека убиениот пар биле мирни и чесни луѓе, добро познати во селото. Тие велат дека младиот осомничен не оставал впечаток на проблематична личност, додавајќи дека целото семејство е почитувано во селото и дека никој не можел да предвиди таква трагедија.

„Слушнавме дека нивниот внук ги убил. Тој е син на нивната постара ќерка, живее во селото Дубока, но повремено доаѓал и престојувал кај нив. Неговите родители се во Италија, а неговите баба и дедо по татко починале одамна“, изјавил еден од соседите за „Блиц“.

Мештаните велат дека убиените М.Р. и Ж.Р. биле мирни и чесни луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…

Вчера вечер е уапсено уште едно лице…

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…