Деаноски: Поради инфлацијата покачување на платите под 7 или 8 илјади денари нема да заврши работа

t

Претседател на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски порача дека селективното покачување на платите во јавниот сектор веќе ќе предизвика револт.

-Најавени се штрајкови во неколку институции поради тоа селективно покачување. Имавме и на почетокот на кризата, одредени приватни големи компании кои беа на принуден одмор, но платите не беа намалени воопшто, бидејќи знаат стопанствениците дека доколку се намалат платите, работниците ќе напуштат и ќе заминат во Западна Европа. Втората работа е дека државата да сакаше сега ќе имавме редовни средби на економско-социјалниот совет. Оваа криза е најголема од независноста на земјата, рече Деаноски.

Според Деаноски, сите мерки што ги носи Владата ги носи сама, без соодветни консултации.

-Бараме средба и со Владата и со министри. Треба да направат проекција на Буџетот, треба да направат колку процентуално да се зголеми платата со пораст на минималната, но тоа не го направија. Ние баравме солидарно решение од 2806 денари за сите. Во приватен сектор работодавачите го сфатија и дури дадоа повеќе, а Владата не го сфати. Сега тие 2806 не вредат ни 1200 денари со инфлацијата и тој предлог веќе не е на маса. Ако правиме напори за зголемување на плата, мораме да имаме некаков вид на покачување на плати, а тој вид сега под 7,8, 9000 денари нема да ни заврши работа, објасни Деаноски во емисијата „24 отворено“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Синдикатите и Владата повторно на иста маса…

Синдикатите бараат инфлацијата да биде основниот параметар…

ССМ ѝ порачаа на власта: Ќе ви…

Работниците се лути на функционерите кои си…

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…