Објавено на:

ДЕА предлага чекор кон декриминализација на марихуаната

t

Доколку предлогот на ДЕА мине низ законодавните лавиринти тоа ќе биде историска промена во повеќедецениската политика за дроги во САД која би можела да има последици низ целата земја, додаваат американските медиуми.

Предлогот на ДЕА, што допрва треба да биде разгледан од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, ќе значи признавање на медицинската употреба на канабисот, како и дека таа дрога има помал потенцијал за злоупотреба од некои од најопасните наркотици. Меѓутоа, со тој предлог нема веднаш да се легализира марихуаната за рекреативна употреба.

Ваквиот потег, изјавија денеска пет лица запознаени со ова прашање, ќе ја отстрани последната значајна административна пречка пред да стапи на сила најголемата промена на политиката на ДЕА во повеќе од 50 години.

Откако предлогот ќе биде потпишан од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, ДЕА јавно ќе го коментира својот план марихуаната, која сега е класифицирана како дрога од класа I, заедно со хероинот и ЛСД, како дрога од класата III, покрај кетаминот и некои анаболни стероиди. По периодот на јавно коментарање, ДЕА ќе објави конечно правило.

Во октомври 2022 година, американскиот претседател Џозеф Бајден повика на ревизија на федералниот закон за марихуана и помилува илјадници Американци осудени на федерално ниво само за поседување на оваа дрога. Бајден, исто така, ги повика гувернерите и локалните лидери да преземат слични чекори за да ги поништат пресудите за марихуана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…