Деби од соништата за Олмо, Барселона остана перфектна во Примера!
Екипата на Барселона со пресврт во второто полувреме ги освои трите бода на гостувањето кај Рајо Ваљекано (1-2), а херој на каталонскиот гигант беше новото засилување, Дани Олмо, кој имаше најубаво можно деби и го осигура триумфот за својот тим.
Домашниот состав влезе многу мотивирано во мечот, прикажа солидна игра во првиот дел, а успеа и рано да поведе, со голот на Унаи Лопез уште во деветтата минута. Барса имаше две солидни прилики за израмнување, но до паузата резултатот не се промени, 1-0.
Вториот дел беше сосема поинаква приказна за гостинскиот тим. Избраниците на Ханси Флик заиграа многу подобро, а тимот изгледаше многу посвежо со влегувањето на Дани Олмо на самиот старт. Барса полека тргнуваше кон остварување на мисијата, најпрво на 1-1 израмни Педри во 60. минута, а Дани Олмо ги постави конечните 1-2 во 82. минута.
Домашната одбрана за момент „заспа“, а тоа го искористи извонредниот Ламин Јамал, кој подели извонредна асистенција за Олмо. Каталонскиот клуб ја стартува сезоната со максимални „три од три“ и девет бода на табелата, а во следното коло ќе биде голем фаворит на домашен терен против Ваљадолид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…
Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…
Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…
Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…
Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…
Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…