Девет години од катастрофалните поплави во Стајковци – ќе се постави спомен-плоча во чест на загинатите

t

Денес се навршуваат девет години од едно од најтешките невремиња што го зафати Скопје и неговата околина, кога поројните дождови и поплави однесоа 22 човечки животи. Најпогодени беа скопските населби Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и делови од Гази Баба.

По тој повод, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави дека ќе започне постапка за поставување на спомен-плоча, како траен симбол на сеќавање и почит за настраданите.

„Во 2026 година ќе одбележиме 50 години од постоењето на општината и 10 години од трагичната поплава. Во таа чест, ќе покренам иницијатива за поставување спомен-плоча, како потсетник на загубените животи, но и на храброста, солидарноста и човечноста што граѓаните ја покажаа во тие тешки моменти“, изјави Стефковски, повикувајќи ги граѓаните, институциите и организациите да се приклучат.

Во катастрофата животот го загубија 22 лица, меѓу кои и двегодишно дете. Многумина беа повредени, а бројни домови беа целосно уништени. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, на тој ден врнежите достигнале 93 литри на метар квадратен, а во само два часа биле регистрирани над 800 молњи.

Владата тогаш прогласи кризна состојба, а Црвениот крст заедно со граѓаните организираше бројни хуманитарни акции за помош на погодените семејства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Џиновски питони пливаат по поплавените улици…

Поради обилните врнежи што речиси три дена…

ДЗС: Масовни евакуации во Кичево, во Гостивар…

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување…

Мини „водна фонтана“ меѓу зградите предизвика поплава…

Денеска во строгиот Центар на Скопје, во…

Девет години од катастрофалните поплави во Стајковци…

Денес се навршуваат девет години од едно…

Деца државјани на Велика Британија го запалиле…

Три деца, странски државнјани се приведени во…