Објавено на:

Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето

t

Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена денеска во списанието „Лансет“.

Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот.

Загадувањето и отпадот во воздухот, водата и почвата ретко убиваат директно, но се во основата на тешки срцеви заболувања, тумори, респираторни проблеми и акутни стомачни тегоби.

– Ефектите на загадувањето врз здравјето остануваат значително поголеми од оние на војната, тероризмот, маларијата, ХИВ, туберкулозата, дрогата и алкохолот. Смртните случаи како последица на загадувањето се приближно исти како оние предизвикани од пушењето, изјави Ричард Фулер, главниот координатор на оддел на „Лансет“ што се занимава со влијанието на загадувањето врз здравјето.

Во 2019 година, 6,7 милиони смртни случаи се должат на загадениот воздух, 1,4 милиони поради загадувањето на водата и 900.000 поради труење со олово.

Во 2000 година, индустриското загадување на воздухот е причина за смртта на околу 2,9 милиони луѓе, додека во 2019 година тој број изнесува 4,5 милиони, покажува истражувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…

О2: АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА, НЕ…

Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел…

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза…

Израел и Хамас се согласија за првата…

Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…

Министерството за животна средина и просторно планирање…