Девет нови лекови на позитивната листа

t

Девет лекови, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од позитивната листа.

Како што информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови.

– Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови.

Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, посочи Таравари.

Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

– Ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа, потенцира Таравари.

Воедно, ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната во Иран ги зголеми цените на…

Цените на широко користените лекови во Англија,…

Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Пониски цени за над 300 лекови, ќе…

Министерството за здравство информира дека е спроведено…

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано…