Девојката која се прослави во балканскиот „Икс Фактор“ се омажи на 18 години, а сега се разведува
Два месеци откако наполни 18 години, Илма Карахет реши да се омажи за Седин Лакач, со кој беше во емотивна врска неколку години. Свадбената прослава се одржа во Сараево, а среќната двојка не ја криеше радоста.
Сепак, на Инстаграм профилот на Седин може да се види дека тој повеќе не ги следи славната пејачка и негова сопруга на Инстаграм, како и дека ги избришал сите слики со неа, па многумина заклучиле дека се работи за развод.
Дополнително, на нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека нема повеќе слики со нејзиниот сопруг Седин на кого редовно му посветувала љубовни објави.
– Љубов, почит и доверба – напиша еднаш Илма под нивните заеднички слики и рече дека нејзиниот сопруг бил голема поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…
Рубио призна дека ракети за Украина можеби…
Американскиот државен секретар Марко Рубио призна дека…
Војната во Украина се префрла во вселената?…
Потенцијално опасен инцидент во Земјината орбита отвора…