Девојка од Црна Гора го искина и плукна знамето на Србија – полицијата трага по неа
Црногорската полиција трага по малолетничката Е.С. од Бар, осомничена за сторено кривично дело повреда на угледот на странска држава.
Ова за „Вијести“ го соопшти шефот на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуришиќ, одговарајќи на прашања за малолетничка која на социјалната мрежа ТикТок објави видео на кое се гледа како прво кине, а потоа плука по знамето на Србија.
„Полициската управа, Регионален центар ЈУГ, Одделот за безбедност во Бар го извести Основното државно обвинителство Бар, за видеото на кое се однесува вашето прашање, на кое се гледа како малолетничка го кине и уништува државното знаме на Република Србија. Малолетничката е идентификувана и распишана е потрага, а обвинителот предметното дејствие го оквалификува како кривично дело оштетување на угледот на странска држава или меѓународна организација од чл. 200 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора“, објасни Ѓуришиќ.
Тој истакна дека осомничената малолетничка се уште не дала изјава, бидејќи е во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…