Девојка од 22 години стана прв тренер на машки фудбалски клуб во Турција
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието на европската фудбалска јавност со несекојдневен потег и за нов тренер на машкиот сениорски тим ја назначи само 22-годишната Зејнеп Местан.
За младата тренерка ова ќе биде најголемиот предизвик во досегашната кариера, но задачата што ја очекува нема да биде воопшто едноставна. Амбицијата на клубот е јасна, враќање во професионалните рангови на турскиот фудбал.
Местан го потпиша договорот во просториите на клубот и со тоа испиша историја, станувајќи првата жена која ќе седне на клупата на машкиот тим на Тургутлуспор. Зад себе има кратко искуство како фудбалерка, а сега пред неа е ново поглавје и можност да се докаже во тренерските води.
„Во согласност со процесот на реструктуирање и целите на клубот за новата сезона, постигнавме договор со Зејнеп Местан да биде главен тренер“, соопштија од Тургутлуспор.
Од клубот истакнаа дека од 22-годишната Местан очекуваат активно да учествува во новиот организациски и технички развој на екипата, со крајна цел враќање на Тургутлуспор меѓу професионалните клубови во Турција.
Тургутлуспор моментално се натпреварува во четвртиот ранг на турскиот фудбал. Во својата историја двапати беше дел од втората лига, а на почетокот на овој век беше и многу блискудо пласман во највисоката турска лига.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…