Дедо Мраз – најобожаван светски бренд

t

Дедо Мраз истовремено е мит, легенда и реалност.
Дедо Мраз е среќа, радост, задоволство, исполнетост, благодарност.

На новогодишните и божиќните празници им се радуваме сите, а децата најмногу. За нив Новата година има посебно значење, најповеќе поради поклоните што очекуваат да ги добијат. Со нетрпение го очекуваат новогодишното утро, кога пред елката ги чекаат поклоните кои Дедо Мраз ги оставил претходната ноќ.
Хо, Хо, Хооо! – се зборови на чуениот и познатиот човек во црвено, дедо – симбол на радост, подароци и новогодишни празници.

Без разлика дали се вика Божиќ Бата, Свети Никола, Санта Клаус, Крис Крингл, Пјер Ноел или Јоулупуки, сите знаеме за кого станува збор: дебеличок дедо, со седа коса и долга бела брада, облечен во црвено одело со бело крзно и секако вреќа полна со подароци. Тоа се главните асоцијации за најомилениот дедо на светот. Доброчудниот дедо од Лапонија, кој најчесто доаѓа на санка влечена од Ирваси, а во друштво со своите верни помагачи џуџињата.

Дедо Мраз всушност е варијација на една холандска приказна втемелена на историскиот лик на Свети Никола кој во декември давал подароци. Во 19-от век во САД бил поврзан со Божиќ, а со тек на времето е преименуван во Дедо Мраз-Santa Klaus или Saint Nick. Модерниот лик на Дедо Мраз датира од 1863 година, а е нацртан од Томас Наст. Во 30-те години од 20-от век, Дедо Мраз е користен во рекламни цели и всушност тој тогаш го добива денешниот изглед. Направен е за потребите на кампањата за Кока Кола, а за основа е земен изгледот на рускиот Дедо Мраз (Ded Moroz) со црвен капут, крзнени чизми, долга бела брада и секако бискупски изглед на Свети Никола.

Во Италија на децата подароци им носи Babbo Natale што е еквивалент за Дедо Мраз, а друштво му прави и La Bafan која исто така ги дарува децата. Прикаската зборува дека La Bafan требало на малиот Исус да му донесе подароци, но се изгубила, па затоа сега децата ги дарува на новогодишните и божиќните празници.

Дедо Мраз го сакаат сите: децата, младите, тинејџерите, возрасните и старите. Тој за сите има многу добри особини. Некои од нив едноставно се неверојатни. Тој може да посети милиони домови и тоа во тек на само една ноќ – новогодишната ноќ. Тој мисли за сите деца и млади, за нив има магична моќ: произведува подароци за милиони деца и носи подарок за секое дете во новогодишната ноќ или во првото рано утро во годината. Тој е добар бидејќи дава подароци. Тој е праведен бидејќи има подароци за секого.

Дедо Мраз е важен дел на детството. Родителите ги учат своите деца и им ги кажуваат легендите за Дедо Мраз. Тоа се прекрасни приказни кои зборуваат за важноста на дарежливоста, добрината, несебичноста и љубовта. Децата за него знаат разни верзии на приказни и преданија. Приказните кажуваат дека тој живее на северниот пол, најверојатно во Лапонија, каде што има работилници во кои произведува милиони, милиони подароци. Тие подароци Дедо Мраз ги натоварува на својата санка и за време на новогодишните празници им дели подароци на сите деца од светот, влегувајќи во нивните домови преку оџаците.

Дали навистина постои Дедо Мраз?

Ова прашање е поставено во една анкета на интернет, во која дури 66% од испитаниците-посетителите на сајтот одговориле дека тој навистина постои и дека го шири духот на новогодишните и божиќни празници низ целиот свет, додека 34% одговориле негативно, верувајќи дека Дедо Мраз е маркетиншки трик.

Животот на Дедо мраз е песна, и тоа убава песна. Тој несебично се труди, преку песната, расположбата и подароците, сите, а најмногу децата, да ги распее, развесели и усреќи. На тој начин тој се грижи за нашето најголемо богатство – децата. Неговиот живот е и игра и тоа забавна игра. Во неа за новогодошните и божиќните празници играат и се веселат сите: деца, млади и стари. Сите тие замислуваат желба и посакуваат да им се оствари. Најчесто и во најголем број случаи посакуваната желба се остварува, а ја остварува токму Дедо Мраз.

Дедо Мраз е песна и игра во новогодишна санка на снег. Најлуда забава на сите луѓе во светот за време на Нова Година и Божиќ. Едноставно тој е возбуда, големо очекување и сосема мала неизвесност: дали ќе не посети и какви подароци ќе ни донесе? Сепак тој секогаш е исполнето очекување, реализирана желба и големо, огромно задоволство. Тој е задоволство што предизвикува среќа, радост и исполнетост. Дедо Мраз е magic, бидејќи сите детски соништа ги претвора во реалност, но тој е и cool – ги отстранува сите незадоволства и ги смирува децата и младите. Целосно е О.К.

Дедо Мраз е истовремено мит, легенда и реалност. Не постои човек на светот што има храброст на едно дете наспроти новогодишните и божиќните празници да му каже дека Дедо Мраз не постои. Дедо Мраз е среќа, радост, задоволство, исполнетост, благодарност. Дедо Мраз има љубов што ја дава на сите деца и млади на светот, истовремено Дедо Мраз е неизмерно сакан од сите деца и млади на светот. Појавувањето на илјадници Дедо Мразовци за време на новогодишните и божиќните празници во сите населени места на земјината топка е знак на нашиот респект кон Дедо Мраз, но и почит кон неговата добродушност и дарежливост.

Дедо Мраз е најсакана икона – LoveIkon – отсекогаш и засекогаш.
Дедо Мраз – најсакан и најобожаван ДЕДО.
Дедо на сите ДЕЦА во светот.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…