Деканот на Градежен факултет, Горан Марковски, ќе се кандидира за градоначалник на Скопје
Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет е независен кандидат за градоначалник на Скопје. Како што соопштија од граѓанската платформа „Независни заедно“ овој истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје ќе ја промовира својата кандидатура на утрешната прес-конференција на која ќе ја претстави својата мотивација за влез во трката, визијата на делување и новиот пристап кон локалната власт.
Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот – велат од граѓанската платформа која ја поддржува кандидатурата на Марковски.
Проф. д-р Горан Марковски e член на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје 1986 година, магистрирал во 1994 година, а докторирал во 2003 година на Градежниот факултет при УКИМ. Зад себе има долгогодишно искуство, знаење и стручност за состојбите во градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…