Делегација на Левица положи свежо цвеќе на Мечкин Камен: Македонскиот народ е Илинден!
Делегација на политичката партија Левица составена од лидерот на партијата, Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и портпаролот Амар Мециновиќ положи свежо џвеќе на Мечкин Камен.
-МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ИЛИНДЕН!
Денеска, на Мечкин Камен, на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ делегација од Левица предводена од претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Борислав Крмов и портпаролот Амар Мециновиќ, положија венец свежо цвеќе во чест на македонските револуционери кои ги дадоа своите животи за Слободата на Република Македонија.

Споменот на Денот на Републиката, и вистината за првиот и вториот Илинден, не може да замре се додека гори поривот на македонскиот народ да ја одредува сопствената судбина и да ја одбрани Државата.

Повторно ќе ги возобновиме идеалите на кои почива Републиката!- напишаа од Левица од Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…