Делови од Скопје утре без струја и вода – ЕВН и Водовод со најава за прекини
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.
Според најавата, од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Милан Мијалковиќ“ и „Кавалска“ во Општина Кисела Вода.
Во истиот период, без електрична енергија ќе останат и жителите на селото Морани и викенд-населбата Морани во Општина Студеничани.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, пак, информираат дека утре поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти Католичката црква, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на оваа улица во Општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Дополнително, од Водовод најавуваат дека во петок (08.05.2026 година), поради технички зафати во трафостаница во ПС Бутел што ќе ги изведува ЕВН, можно е делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара да останат без вода или да имаат намален притисок.
Прекините во водоснабдувањето во овие населби може да започнат од 05:00 часот и да траат до завршување на интервенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Делови од Скопје утре без струја и…
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради…
Германија бара нови правила за проширување на…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…
Од расправија на социјални мрежи до пукање…
На 5 мај 2026 година, во 18:45…
Меџити: На ВЛЕН му одговараат предвремени избори,…
Коментирајќи ја изјавата на премиерот на земјата…
Левица со предлог-закон во Собрание за целосно…
Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот…