Делови од Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари денеска без струја

t

Без електрична енергија денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Алберт Ајнштајн”, „Благој Давков”, „Ѓорѓија Пулевски” и „Орце Николов” од бр.141 до бр.147 – непарни броеви, во општина Центар.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот денеска без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Народни Херои” лоцирани меѓу улиците „Георги Димитров” и „Димо Хаџи Димов”, како и дел од корисниците од улиците „Михаил и Евтихиј” и „Георги Димитров” во општина Кисела Вода.

Од 9:00 до 10:00 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улицата „Саса” бр.3а, 3б, 5а и 5б во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:30 часот дел од корисниците од улиците „Индира Ганди”, „Гвадалахара” и „Метохиска”, како и корисниците лоцирани на пат за село Оризари, општина Шуто Оризари.

Во периодот од 10:00 до 11:00 часот денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Ефтим Спространов” од бр.30 до бр.50, а 11:00 до 12:00 часот дел од корисниците од улицата „Живко Фирфов” во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…