Објавено на:

Делуваше како обичен старт, но младиот фудбалер почина (Вознемирувачко видео)

t

Голема трагедија се случи на меч од Купот на Перу во која почина младиот фудбалер Хелар Гонзалес Алтамирано. Младиот 21-годишен играч имаше судар со противничкиот голман, кој на крајот се покажа како кобен.

Во обид да дојде до топка, фудбалерот се судри со голманот. Најпрво ова делувало дека се работи за еден обичен судар каков што има на речиси секој меч, но на крајот се покажа како трагедија.

Дури откако останатите играчи на Реал Титан, но и на противничкиот тим сфатија дека работата е сериозна, беше повикана лекарската екипа. Младиот фудбалер веднаш бил изнесен на носилки, а Брзата помош веднаш се обидела да го спаси.

По само еден ден поминат во болница, фудбалерот подлегнал на повредите. Тој починал откако му пукнала артерија во главата.
„Почивај во мир, пријателе. Ќе те памтиме по твојата љубов кон фудбалот и кон твоето семејство. Нѐ оставаш во голема болка“, стои во соопштението од клубот. Мечот од Купот на Перу бил директно пренесуван на телевизија, кога сите кои го следеле овој меч, можеле да ја видат трагичната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за најбројната…

Македонија настапува со 88 спортисти во 19…

Македонија со европско сребро, Ана Бергер со…

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а…

Македонците со седум медали се враќаат од…

Во својата прва сезона на меѓународната завршница…

Двојна победа за Охрид против Војводина

Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…

Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…

Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…