ДЕЛУМЕН ШЕНГЕН ЗА РОМАНИЈА И БУГАРИЈА – Се отвораат само поморските и воздушните граници

t

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада.

„По 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е склучен „политички договор“ меѓу трите земји за проширување на зоната „до романската и бугарската воздушна и поморска граница“ од март 2024 година.

Прашањето за отворање на копнените граници беше одложено за дискусија следната година.

Австрија, која пред една година стави вето на влезот на двете земји во Шенген, на почетокот на декември ја претстави идејата за релаксирање на правилата за воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

Нема регистриран ниту еден пациент поради конзумирање…

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега…

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во…

Интензивно се интервенира на терен во моментов…

Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…

Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…

Хорор во прилепско: Маж пронајден мртов со…

68-годишен маж од прилепското село Беровци е…