Дел од граѓаните чекале цела вечер: Големи гужви на Богородица, за влез во Македонија се чека и до четири часа
Големи колони возила вечерва се забележуваат на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија од Грција. Според информации од патници кои се наоѓаат на преминот, за влез во земјава се чека околу три и пол до четири часа.
На фотографиите од терен се гледаат долги колони од автомобили и автобуси пред граничните контроли.
Сообраќајот се одвива забавено, а дел од патниците со часови чекаат за да ја преминат границата и да влезат во Македонија.
Информацијата за времето на чекање е од патници кои во моментов се на граничниот премин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска е Свети Калистрат: Празник посветен на…
Православните христијани денеска, 10 октомври, го одбележуваат…
Времето денес променливо облачно, попладне се очекуваат…
Променливо облачно време со сончеви периоди во…
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…