Дел од Скопје утре ќе биде без вода

t

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.

Првиот зафат е поради уличен дефект на ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервисот „Топал“. Во периодот од 11:00 часот, па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, во општина Бутел.

Вториот зафат ќе се изведува на бул. Александар Македонски б.б, а поради технички работи, од 05:00 часот па до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците на: бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.

Намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков, во близина на Кванташкиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…