Демант на МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

t

Министерството за внатрешни работи реагираше дека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за да ја дискредитира полицијата.

„Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот. Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните“, стои во соопштението од МВР.

Демантот доаѓа по прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој ја објави ваквата информација во јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЧЕКУВАВМЕ ПЕНДАРОВСКИ ДА ЗАГУБИ, НО НЕ ТОЛКУ…

Иван Илчев, историчар и шеф на бугарскиот…

Родените во хороскопскиот знак Девица љубат како…

Ако некогаш сте биле заљубени во личностите…

Зошто Тито никогаш не воспоставил дипломатски односи…

Јосип Броз Тито ги предал Израелците и…

Жена што в полиција пријавила напад врз…

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица…