Демант од Бугарија: Не било побарано македонската амбасадорка да не присуствува на собраниската седница
За време на средбата на претставници на парламентарни партии во новото Народно собрание на Бугарија, не било покренато прашањето дали амбасадорката на Македонија, Агнеса Руси Поповска да биде поканета од администрацијата на Собранието, на конститутивната седница на новиот бугарски Парламент, изјавија за дописникот на МИА од Софија од прес-ценарот на „Демократска Бугарија“.
Оттаму, како што јави дописникот на МИА од Софија, беа категорични дека според нивните претставници кои учествувале на средбата, станува збор за апсолутно неточна информација, дека било поставено прашањето дали Руси Поповска да биде поканета или не на првата седница на 48-то Народно собрание.
Претставниците на политичките партии во новиот бугарски Парламент, потсетува дописникот на МИА од Софија, вчера се договорија да не ги поканат амбасадорите на Русија и на Белорусија во Софија, поради руската агресија во Украина. ГЕРБ-СДС, Промената продолжува и Демократска Бугарија се изјаснија против присуството на амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова на првата седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржи на 19 октомври. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…