Демант од Државна Лотарија на пресот на Наум Стоилковски
Оваа манипулација со неточна информација на опозициската ВМРО ДПМНЕ ја демантираме и побиваме во целост како невистинита и паушално изнесена.
Државна лотарија во ниту еден момент во период од декември 2022 година заклучно со декември 2023 година нема склучено 9 договори за машини за коцкање, сите по 500 апрати во вкупен број од 4500 апарати.
Доколку опозициската ВМРО ДПМНЕ изврши јасна анализа на склучените договори за набавка на видеолотариски терминали за игри на среќа објавени на системот на Бирото за јавни набавки ќе утврди дека во ниту еден момент Државна лотарија не фигурира како договорен орган за било кој од погоренаведените договори.
Овие информации изнесени од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ кои притоа и погрешно се анализирани имаат единствена цел да извршат дезинформација на јавноста а со тоа и да сенаштети на имиџот на Државна лотарија.
Повторно укажуваме дека Државната лотарија после сите напади и дезинформации покажа и докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.
Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони на Република Македонија, и истата нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Македонија“, стои во нивната реакција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…