Демократија и преумување – редовна неделна колумна на Оливер Андонов

t

(или за тоа како ВМРО-ДПМНЕ да опстане како современа десна политичка партија)

Драги мои сопартијци, состојбата на демократија во ВМРО-ДПМНЕ, впрочем како и во се во животот бара отворен ум. За да може нашата партија ВМРО-ДПМНЕ да ја демократизираме и на тој начин да ја направиме современа европска десна политичка партија и пожелна опција за сите наши сограѓани без разлика на нивото потекло, пол и вера, најпрво ние самите, внатре во ВМРО-ДПМНЕ треба да се преумиме.

Што значи тоа да се преумиме? Буквалното објаснување е да го смениме досегашното наше мислење со друго. Но, поентата не е во тоа да ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ под нечии притисок (внатрешни или надворешни, наметната од надворешни влијанија врз нас личносно) да се согласиме со различно мислење и тоа да го наречеме „преумување“. Токму различноста во мислењата е тоа што ја прави демократијата, и не е добро да се прави униформност во партијата, иако Мицкоски токму тоа – едноумието, го потенцираше како „монолитност“ во партијата. Монолитноста во ВМРО-ДПМНЕ се идеолошките основи на партијата, не политичките ставови за актуелни случувања, градењето на култот на личноста кон лицето кое е претседател на партијата или некаков си функционер во ВМРО-ДПМНЕ како непогрешливи. Оттука, преумувањето преставува пред се лична духовна, ментална, социолошко-општествена и културолошка промена на состојбата. Во рамките на таа лична состојба на преумување и вмрежување во нашето однесување на демократските вредности, а во случајот на членство во ВМРО-ДПМНЕ и прифаќање на идеолошките основи на партијата започнува демократизацијата на партијата. Секако дека слободата на личноста, нашата лична слобода која ни е дадена и од Бога, е и слобода да согласно своите сопствени перцепции за политиките на партијата изградиме и јавно изнесеме и дискутираме за свој став. Тоа значи дека оваа состојба треба да ја прифатиме и кај другите во партијата, со кои секако не е нужно, но преку силата на аргументите, не силата на функцијата, треба да ги усогласиме прагматичните политички позиции на партијата. Во тој контекст не значи дека кругот на членството треба да го намалуваме затоа што со некого не се согласуваме во нашите ставови и перцепции, односно да правиме диференцијација на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на подобни и неподобни. Оваа тенденција во актуелниот миг во ВМРО-ДПМНЕ поттикната од актуелното раководство поприма огромни размери, при што поединци затскриени зад лажни профили во недостиг на аргументи прибегнуваат кон вулгарни навреди кон сопствените сопартијци кои не се согласуваат со политиките на актуелното раководство, а од кои сопартијци, токму тоа раководство, очекува утре да гласа за партијата на избори. Ова претставува перверзија од страна на Мицкоски и неговото раководство, но во исто време повторно ја отсликува недемократијата во партијата и нивниот личен недостиг од демократски капацитет и единствена желба да дојдат на власт со лукративни цели, а при тоа за остварување на таа цел да ја искористат партијата и во нејзини рамки сите нас. Потоа веќе не е важно, бидејќи во таква недемократска и не преумена состојба „лесно“ ќе владеат и нема никому (пред се во партијата – на членството) да полагаат сметка за однесувањето и политиките кои ќе ги водат.

Ги знам вашите интимни одговори на прашањата кои ви ги поставив во минатата колумна, а сега во оваа колумна ќе се обидам наједноставно да Ви ги објаснам актуелните состојби со Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, каде се заблудите и недемократските замки.

Иако последниот, важечки Статут на ВМРО-ДПМНЕ (со промени извршени на ЦК во август 2020 година) беше претставен како „врв на демократијата“, токму самиот тој е извор за тотален распад на демократијата во партијата и континуираната негативна селекција на кадровски план која доведе до комплетна девастација на кадровскиот потенцијал на партијата.

Доколку внимателно се прочита Статутот, се гледа дека буквално во сите случаи на „избор“, телото или органот кој го врши „изборот“ е определено од оној кој треба да биде „избиран“. Обичен член, посебно некој кој не се согласува со политиките на раководството или е премногу „слободоумен“ или пак несигурен за вкусот на раководството, нема никакви можности за учество во какви било избори, ниту да избира, ниту да биде избран.

Ќе почнеме од локално ниво.

Во членот 65 од важечкиот Статут, е дефинирано дека Собранието на ОК го сочинуваат:

– Претседателот на општинскиот комитет (поставен од ИК на предлог на претседателот на партијата);

– Членовите, односно составот на општинскиот комитет (поставени од претседателот на ОК, кој е поставен од ИК на предлог на претседателот на партијата);

– Претседателите на униите во општинскиот комитет (поставени од централно ниво – од претседателите на униите на централно ниво);

– Градоначалникот и советниците во Советот на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје од редовите на партијата (кандидирани од ИК на предлог на претседателот на партијата) и

– Пратениците од редовите на партијата, од соодветниот општински комитет (кандидирани од ИК на предлог на претседателот на партијата).

При тоа, треба да се напомене дека и по две и пол години од овој „врвно демократски“ Статут на ВМРО-ДПМНЕ дури ниту ваквото решение сеуште не е спроведено во пракса. Тоа е недвосмислен показател на демократскиот капацитет на Мицкоски и оваа раководство.

Се гледа дека ниту еден член на Собранието на ОК не е избран од базата – членството на партијата, туку сите се поставени директно или индиректно „од горе“. Токму, според член 66 од тој Статут, Собранието на ОК, кое е веќе изфилтрирано само со „подобни“ членови, предлага тројца кандидати за претседател на ОК, а конечниот избор на крај го прави ИК, без статутарна обврска избраниот претседател на ОК да биде само од тие тројца „предложени“.

Доколку се има пред вид дека ИК е составен од членови кои се исклучиво на предлог на претседателот на партијата, тогаш лесно се заклучува дека изборот на претседатели на ОК го прави тој – претседателот на партијата од за него подобните. Поточно, не ги избира, туку ги поставува! Одлука за разрешувањето на претседателите на ОК донесува ИК, што значи дека тие мора да се послушни инаку ќе бидат сменети.

Понатаму, претседателите на ОК, поставени од претседателот на партијата, го сочинуваат ЦК, кој очигледно е составен од послушници, кои доколку не би биле такви, нема да се воопшто членови на ЦК.

Токму таквиот ЦК донесува одлука за распишување на Конгрес, ги определува делегатите за Конгресот, а дополнителните делегати се на предлог на општинските комитети кои се поставени од претседателите на ОК, поставени од претседателот на Партијата…. И се така во круг!

И покрај мојата најдобра желба да пронајдам орган/тело/раководно лице во партијата кое не е под директна или индиректна контрола на претседателот на партијата, според овој Статут на ВМРО-ДПМНЕ, такво нешто не постои. Практично, никој во ВМРО-ДПМНЕ не е избран на демократски начин, сите мора да поминат филтер кој ги пропушта само тие кои се лојални и послушни на актуелното раководство, односно на претседателот на партијата. Така, партијата не е воопшто важна, бидејќи не се бара лојалност кон идеолошките принципи на ВМРО-ДПМНЕ и десничарските политички основи, туку се бара лојалност кон личност, а што е директно градење на култ на личноста или враќање во некои времиња за кои мислевме дека ги надминавме. Ете очигледен доказ дека е неопходно преумување. Згора на тоа, таа личност, особено во актуелниот миг не работи за интересите на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, туку работи за сопствените лукративни интереси и при тоа самиот избирајќи ги органите на партијата создава клиентелистички – привилегиран тесен круг партиски членови, внимавајте формални партиски членови кои немаат врска со идеолошките основи на ВМРО-ДПМНЕ и десничарските политички принципи.

Оттука имаме состојба да и самиот Мицкоски иако самоизбран претседател на ВМРО-ДПМНЕ на јавна сцена покажува непознавање на историјата и личностите како од онаа на ВМРО-ДПМНЕ, така и од историјата на Македонија. На овој начин, ВМРО-ДПМНЕ се претвори во мала група интересџии за лукративни цели, кои се лојални на Мицкоски само заради една цел, а тоа е да се доберат до власт. Потоа, нема да биде ништо важно и за се она што сега божем се спртоивставуваат на СДС самите тие ќе го спроведат покривајќи го со политичка манипулација пред граѓаните, а сите нас – членството нема ниту да не прашаат.

Моменталната состојба е смрт за демократијата не само во ВМРО-ДПМНЕ, и не е чудно што квалитетните членови кои можат и знаат нешто да направат, кои имаат визија за развој на партијата и на Македонија, едноставно се повлекуваат и се демотивирани да земат активно учество.

Воспоставениот систем, затворен во својата корупка со неквалитетна содржина, се брани самиот и ги одбива сите кои можат да им ги загрозат позициите. За нив е важно да бидат внатре и кога СДС ќе падне од власт, не заради понудата на ВМРО туку заради нивната мизерија и некадарност, да бидат првите кои ќе се закачат на државното виме. Тоа што и самите немаат што да понудат, нив воопшто не ги загрижува, важно е само „да се биде во власта“.

Доаѓањето на такво ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе значи забрзано негово пропаѓање, затоа што довербата на граѓаните се повеќе се намалува, се губи гласачкото тело и се одржува донекаде само заради слабостите на конкурентот, односно неспособната, криминализирана СДС.

Поради ова, ние предлагаме потполна промена на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на внатрепартиската организација и внатрепартиските избори на сите партиски функции и предлози за локални и државни функции од страна на партијата, со една главна цел на изворност, изборност и одговорност, именувана како ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА.

На денот на Св.маченик Полиевкт

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Најмалку десет израелски војници загинаа во заседа…

Најмалку десет израелски војници, вклучително и двајца…

Македонските вина од сортата вранец со најмногу…

На првиот меѓународен натпревар „ВРАНЕЦ СЕЛЕКЦИЈА” посветен…

Турција предлага делумна ревизија на системот „ол…

Претставници на турската туристичка индустрија предлагаат да…

Вучиќ: Се повлекувам ако СНС ги загуби…

Предвремените парламентарни избори, вообичаени за повеќе од…