Денеска е Ден на Македонската академија на науките и уметностите
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одбележан Денот на академијата.
Во рамки на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на споменикот на Блаже Конески, а пригодна реч ќе има академик Љупчо Коцарев.
По повод Денот на Академијата на годинашните добитници Павол Жиго и ќе им биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески“.
Со указ за прогласување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите (У. Бр. 18/67 од 23 февруари 1967 година) на Собранието на СР Македонија донесен е Законот за Македонската академија на науките и уметностите.
Врз основа на законот, именувана е Матична комисија, со задача да изврши подготовки за отпочнување на работата на Македонската академија на науките и уметностите, во следниот состав:
- Проф. Антон Бабиќ – редовен член на АНУБиХ,
- Д-р Милан Бартош – потпретседател на САНУ,
- Д-р Ксенте Богоев – ректор на Универзитетот во Скопје,
- Д-р Мирослав Каршулин – генерален секретар на ЈАЗУ,
- Проф. Блаже Конески – дописен член на ЈАЗУ и САЗУ,
- Д-р Братко Крефт – редовен член на САЗУ,
- Д-р Харалампие Поленаковиќ – дописен член на САНУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претходниот претседател на МАНУ бара оставка од…
Љупчо Коцарев, претходниот претседател на МАНУ, побара…
МАНУ претстави стратегија за искористување на македонските…
Членови на Македонската академија на науките и…
Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање…
На одбележувањето на Денот на МАНУ односно…
МАНУ никогаш не била затворена за научници…
„МАНУ никогаш не била затворена институција за…
Се огласи Академик Абази: МАНУ е една…
Имаме една Академија за сите, порачува академик…