ДЕНЕСКА Е ПРЕП. ГРИГОРИЈ ДЕКАПОЛИТ: Кога родителите сакаа да го оженат, тој побегна во пустина и се замонаши

t

Денеска е 20 ноември според стар стил и се слави Преподобен Григориј Декаполит.

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го оженат, но тој побегна во пустина и се замонаши.

Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда.

Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење.

Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…

Цените на земјоделските производи на светските пазари…

Полска обновува засолништа од Студената војна: Во…

Полскиот град Лублин повторно стави во употреба…

Британскиот премиер вели дека размислуваат за повторно…

Британскиот премиер Енди Бурнам најави дека ќе…

Трамп призна: „Можно е“ војната со Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

„Ројтерс“: Саудиска Арабија подготвува нова офанзива против…

Саудиска Арабија подготвува офанзива против Хутите во…