ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ЈАКОВ: Син Алфеев, брат на евангелистот Матеј и еден од Дванаесетте големи апостоли

t

Денеска е 9 октомври според стар стил и се слави Св. апостол Јаков Алфеев.

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение.

По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител.

Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господа Исуса Христа.

Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех.

Многумина незнабошци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Египет, во градот Острацин, распнат на крст од незнабошците.
Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фарс: Трамп бил вклучен во план за…

Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…

Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…

Американските власти откриле дека хакери успеале да…

Да не го мислите тука е: Ким…

Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…