Денеска е Св. свештеномаченик Антим

t

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 септември.

Денеска е Св. свештеномаченик Антим.

Во почетокот на четвртиот век, за време на царувањето на Диоклецијан и Максимијан, свети Антим веќе беше седокос старец. Тој инаку беше епископ на Никомидија, онаа Никомидија која во текот на гонењето при спомнатите цареви даде голем број маченици. Во текот на целото тоа гонење тој беше поглавар на таа храбра црква, а својот плоден живот исто така го запечати со мачеништво.

А тоа се случи вака. Епископот Антим се беше повлекол во едно село, Оман, и оттаму ги храбреше христијаните. Едно негово писмо дојде до рацете на царот Максимијан, кој испрати војници да го фатат епископот. Овие дојдоа во Оман, каде ги прифати еден седокос старец, ги нагости, а потоа им рече дека тој е оној кого го бараат.

Војниците го убедуваа старецот да се скрие, но Антим одлучи да појде со нив. По патот сите поверуваа во Христа и се крстија. А свети Антим беше изведен пред царот, мачен и погубен со секира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…

Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…

Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…