Денеска е Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит
Свети Дионисиј Ареопагит е родум од Атина и се спомнува во Делата Апостолски како еден од малкумината што поверуваа на проповедта на апостол Павле во Атина.
За него е познато дека бил философ, а истовремено и член на највисокиот атински суд, Ареопагот, од каде и му остана името Ареопагит.
Тој е и првиот атински епископ. Подоцна отишол во Галија и обратил многу од тамошните незнабошци во Христовата вера. Таму и загинал маченички, во прогонствата за време на Дометијан, кон крајот на првиот век по Христа.
Со неговото име долго време се врзуваше значајниот пишан паметник Корпус Ареопагитикум, за кој денес со сигурност е утврдено дека потекнува од подоцнежно време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снег вее на Стража
Слаб снег во моментов провејува на планинскиот…
Израелски „Канал 14“ тврди дека иранските медиуми…
Израелскиот „Канал 14“, преку својот профил на…
Јапонија препорачува резерви за најмалку три дена:…
Јапонските власти препорачуваат домаќинствата да располагаат со…
Папата Лав XIV: Градете го мирот насекаде,…
Папата Лав XIV денеска ги повика државите…
Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер…
Хрватската политичарка Маријана Петир истакнува дека европската…