ДЕНЕСКА Е ТОМИНА НЕДЕЛА: Мал Велигден, една седмица од Воскресението Христово, е празник посветен на светиот апостол Тома
Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден.
Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.
Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.
Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со…
Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави…
Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…
Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…
Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…
Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…