Денеска започнува „Скопје Брас Фестивал“
Денеска во 20:00 часот, во просториите на Филхармонија започнува „Скопски Брас Фестивал“ и ќе трае до 5 јуни. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“. Диригент е Ана Спасовска, а солисти се Марио Јанковиќ и Стефан Илиев.
Утре, како што информираат од организаторите, публиката ќе има можност да го слушне унгарскиот тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од Шкељзен Бафтијари на пијано и Балкански тромбонски ансамбл. Последниот ден, пак, е резервиран за „Брас на кирилица“ – вечер посветена на македонски лимени состави.
Дополнително, во текот на сите три дена, во фоајето на Филхармонија ќе биде поставена изложба на дувачки инструменти од брендовите на светски познатата компанијата „Buffet Crampon“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…